900x506

Полицијата има потреба од подобрување на своите способности да се бори против физичкиот криминал, а воедно да биде поодговорна во употребата на силата која и` е доделена со точно одредена конкретна цел – одбрана на слободата и мирот во заедниците и зачувување на човековите права.

Развитокот на технологијата незаморно ита напред, а со себе влече најразлични нови појави како таблети, геџети, безпилотни летала, суперспособни миникамери, паметни обувки, суперефикасни кодирани радиокомуникациски уреди и други изуми. Зошто тогаш истите да не се употребат за да ја подобрат ефикасноста и функцијата на полицијата во општествата?

Во тој правец размислуваат и од Motorola кои во последно време купија повеќе компании кои се бават со најразлични безбедносни дејности, како алгоритми за предвидување на криминал во некоја област (PublicEngines), безбедносен софтвер (Wynyard), безпилотни летала (CyPhy Works) и други.

Дел од нивните идеи се:

  • да се воведе употребата на безпилотни летала („дронови“) за набљудување на реони
  • сензори при вадење на оружје, пипер-спреј или лисици
  • воведување паметни очила со камера кои би можеле да ја снимат акцијата во момент кога некој сензор ќе се вклучи
  • комуникација преку телефони на стисни-зборувај начин, како стандардни токи-вокија
  • предвидување на криминал во одредени реони
  • брзо и „паметно“ снимање на сцената со помош на телефони и таблети со камери со висока резолуција, комбинирано со алгоритми за препознавање на сцената и објектите за да се намали потребата од мануелно пополнување детални извештаи;

Секако, не би имало логика само полицијата да има придобивка од ваквите технологии па пристапот до снимките и сензорите би можеле да бидат јавно достапни и да се регулираат од самата јавност пост фестум, како би можела да реагира на злоупотреба на сила од страна на полицијата и како би избегнале создавање на дистописко диктаторско општество.

Motorola е прилично одредена во тоа да успее овој нејзин зафат кон подобрување на безбедноста и ефикасноста на полицијата, а воедно работи и на подобрување на ефикасноста и на пожарникарите.

Извор: Chicago Tribune, USA Today

Претходна статијаMicrosoft сака да ве „шокира“ со електрични известувања
Следна статијаBoeing Silent Strike – ласерско оружје против безпилотни летала