bds_compact_laser_630x354

Boeing го прикажа своето ласерско оружје (Silent Strike) кое може да следи и да соборува безпилотни летала (дронови). Значи, стигнавме до точка каде безпилотни летала се борат против ласерски оружја. Дали ви требаат уште докази дека веќе живееме во некоја научнофантастична книга од осумдесеттите?

Системот на Boeing е сличен на LaWS, ласерското оружје на американската војска, со таа разлика што е доста помал и помалку способен. Сепак, за неговата главна цел – безпилотни летала – тој е и повеќе од способен да ги следи и соборува од небото.

Принципот на работа е едноставен – во него има компјутер кој ги препознава безпилотните летала и го нишани ласерот кон една конкретна точка на нивната површина. Концентрирањето на ласерот предизвикува запалување и пробивање на површината и соборување на леталото.

Системот на Boeing е пренослив за разлика од LaWS па може да се искористи во најразлични ситуации. Само треба да го донесете, вклучите и оставите да си врши работа, притоа надевајќи се дека нема да препознае птици и параглајдери како потенцијални цели за „пржење“.

Системот се` уште е во демонстрациона фаза, но и во оваа фаза функционира одлично, како што можете да забележите на погорното видео. Очекуваме дека во иднина ќе го доразвијат концептот и ќе овозможат ваков систем да се инсталира по дома како би се средил проблемот со бучавата која сигурно ќе следи во иднината полна со безпилотни летала кои ќе летаат насекаде.

Извор: Discovery, Fortune

Претходна статијаMotorola работи на еволуцијата на полицискиот екосистем
Следна статијаSamsung го претстави тркалезниот Gear S2 паметен часовник