Security officers stand near the Chinese national emblem as they carry out a check after delegates left at the end of the opening session of the National People's Congress (NPC) at the Great Hall of the People in Beijing, China, March 5, 2016. REUTERS/Kim Kyung-hoon

Кина, втората најголема економија на свет (или прва според PPP) и потенцијална идна суперсила, има намера да стане светски водач во технологијата, особено роботика, Интернет, вселенска програма, научни истражувања во овие области и сл. Секако, ова воопшто не е за чудење бидејќи не постои моќна држава која не вложува огромни средства и внимание кон развитокот на најнови технологии.

Тоа што е интересно е што Кина можеби ќе успее да го постигне истото преку интензивно внимание врз клучните технолошки области. Впрочем, тоа е нивната намера, која беше образложена во кинеската технолошка „петолетка“ за развитокот од 2016 до 2020 г.

Нивната идеја е да се користи технологијата и конкретно Интернетот за да се интензивира развитокот на економијата, а тоа може да се постигне преку зголемени иновации во овие сфери. Затоа, Комунистичката партија ќе воведе зголемување на процентот од БДП посветен на истражување и развивање од 2,1% на 2,5%, што е огромно зголемување имајќи ја предвид целосната големина на нивниот буџет. Ако се мисли на номиналниот БДП кој има обем од 12,253 трилиони долари, зголемувањето ќе биде од 257 милијарди на 306 милијарди долари!

Секако, не е сè до парите, инаку Русија не би имала втора најмоќна армија на светот иако е петта на листата по финансиско вложување. Вложувањето во технологија се враќа повеќекратно – директно во напредок на одредени полиња, но и недиректно во намалување на цената (и со тоа трошоците) на купување и користење на технологија.

Секако, голем дел од кинескиот влог е и во „кибер безбедност“ која секако во еден дел значи блокирање на незадоволство од работата на Комунистичката партија.

Дали ќе успее во својата мисија?

FISITA-2012-World-Automotive-Congress-003-medium

Кина засега игра многу фина линија меѓу контрола и слобода, меѓу социјалистички и капиталистички начин на живот и бизнис. Имено, пазарниот, индустрискиот и производствениот сектор се многу либерализирани и делумно субвенционирани овозможувајќи функционирање на огромен внатрешен слободен пазар за одредени добра и услуги, кој секако се прелива и во светот преку извозот на евтини производи.

Од друга страна постои безбедносна социјалистичка мрежа за оние делови од популацијата (необразовани, немотивирани да учествуваат на слободен пазар) кои живеат просечен живот во колективизирано производство и потрошување, најчесто по руралните области.

Модерни кинески градови
Модерни кинески градови

Од трета страна, Комунистичката партија ја има поставено позицијата на суверен во политичките односи без никаков простор за повеќепартиска демократија. Во основа, во Кина постои само еден политички субјект и сè додека бизнисмените и обичните луѓе си тераат работа и не го загрозуваат приматот на Комунистичката партија, сè послободни се да основаат бизниси, заработуваат за живот и да се богатат до одредено ниво.

Прашањето што се поставува е дали со развитокот на нови кинески милионери и компании преку капиталистички принципи ќе предизвика политички потреси и ослабување на политичкиот примат на Комунистичката партија. Моето гледиште е дека такво нешто не може да се очекува на краток или среден рок. Имено, сè што треба да направи Комунистичката партија и веќе го прави, е да ги интегрира овие успешни личности и компании во себе и да им даде политичка моќ, претворајќи ги дел од системот кој веќе е поставен и неутрализирајќи ги дисидентските движења. Ова има ефект на мало забавување на развитокот и работата на таквите компании и милионери, но незначително.

Така што, имајќи го предвид горенаведеното, би рекол дека нивната цел да станат општество бр. 1 во сферата на технологијата држи добри шанси, околу 40%. Можеби не баш бр. 1, но второто место не им бега со толкаво вложување, политичка волја да се успее и стратешкото партнерство со Русија која веќе поседува напредна технологија за извоз.

Така што, фаќајте книгите и на учење мандарински.

Дополнителни информации: Reuters, MyInforms

Претходна статијаWindows 10 таблетите со тастатура ќе доминираат на пазарот во наредниве неколку години
Следна статијаПрепорачано инсталирање на најновата верзија на Flash Player