Моментално се одвива вистински натпревар за тоа кој прв ќе успее да направи супербрз транспортен систем за комерцијални потреби. Hyperloop Transportation Technologies најавија дека веќе започнале со производство на првата патничка кабина. Истата ќе биде готова и претставена во 2018 година. Како што знаеме веќе подолго време се очекува да се остварат најавите од компанијата Hyperloop за ултрабрзиот транспорт на патници на долги релации користејќи вакум систем. Во овој безвоздушен систем ќе го нема триењето на воздухот кое што на некој начин претставува проблем во денешниот транспорт. Ова триење доведува до трошење на поголеми количества на енергија и намалување на брзината на транспортниот објект.

Сепак ова ќе биде само почетна верзија од кабината на Hyperloop Transportation Technologies, истата ќе биде подложена на оптимизација и дополнителни проверки во иднина. Нареден чекор е од објектот за развој и истражување на Hyperloop, којшто се наоѓа во Тулуз во Франција, да се испорача готовата верзија на патничката кабина до се’ уште не прецизираниот клиент.

Инаку оваа патничка кабина ќе биде дело на компанијата Carbures S.A., партнер на Hyperloop, која што прави делови и цели системи во областа на одбраната, вселенски проекти итн. Кабината ќе биде 30 метри долга, со дијаметар од 2,7 метри, и тежина од 20 тона. Ќе може да собере од 28 до 40 патници, во зависност од идните промени во истата. Брзината со која што се очекува да се движи оваа патничка кабина изнесува неверојатни 1200+ километри на час.

Извор: TechCrunch, Engadget

Претходна статијаGoogle ја претстави Developer Preview верзијата од новиот Android O
Следна статијаVue се очила со диоптер и вграден фитнес тракер, кондуктивни слушалки и Bluetooth