Сигурно нема корисник кој не би сакал да има некој од достапните уреди со екрани кои се превиткуваат, а изборот сега е и помеѓу неколку производители. Сепак, едно што го имаат заедничко сите овие уреди од сите производители е цената која се движи од 1.200 до 2.000 евра, што секако е многу за голем дел од купувачите кои со оваа сума можат да ги купуваат нивните телефони во наредните 5-6 години.

Според неофицијални информации, пред да почнат да паѓаат цените генерално на ваквите уреди, Samsung планира да претстави уред кој ќе има доста пониска цена. Што е тоа што тој уред би немал во споредба со поскапите за да се постигне цената, не е познато, а и не е сигурно колку е точна оваа информација.

Пониска цена во овој случај сигурно би значело дека уредот би се продавал по цена од околу 600-800 евра, што сепак не го става во категоријата на ниска или средна класа, но уште е рано да може да се очекува такво нешто.

Исто така, логично е да се очекува дека доколку Samsung навистина претстави ваков уред, тој би бил во категоријата на Galaxy Z Flip, односно смартфон кој може да се преклопи/затвори во помал уред лесно пренослив во џебовите и слично. Не би можело да се очекува ваква цена за некоја варијанта од Galaxy Z Fold, со оглед на тоа што тој уред има два екрани, па од смартфон се претвора во помал таблет компјутер.

Без разлика дали оваа информација ќе се покаже како точна, јасно е дека ова некогаш ќе се случи „природно“, како што ќе се развива технологијата на ваквите екрани, како што ќе се унапредува процесот на производство и слично.

ИЗВОРPhoneArena
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаSamsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија
Следна статијаНовиот изглед на Facebook на десктоп станува единствениот и официјален изглед од септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.