LG минатиот месец излезе со најава на нов дизајн правец за нивните нови смартфони, по што најавија дека првиот телефон со тој дизајн ќе биде претставен на 7-ми мај, односно денес. LG Velvet е новиот смартфон од компанијата и според карактеристиките и цената, тој е во средно високата класа.

Новиот дизајн којшто го најавија од LG вклучува убаво изработени страни на телефонот кои се симетрични на предната и задната страна. Аглите се помали, односно заобленоста на ќошевите е поголема.

Главната новина сепак е на задната страна и се гледа во поставеноста на камерите. Од LG директно го „напаѓаат“ новиот тренд на големи и квадратни модули за камерите кој можеме да го видиме кај најпопуларните модели, па така кај Velvet камерите се поставени во форма на „капки“.

Тоа значи дека камерите се подредени по големина, една под друга и тие вклучуваат сензор со 48 мегапиксели кај главната камера, 8 мегапиксели кај камерата за ултра широки слики, како и 5 мегапиксели кај сензорот за длабочина на сликата и ефекти.

Покрај ова, LG Velvet доаѓа со 6,8 инчен OLED екран и работи на Snapdragon 765, со 8GB RAM меморија и 128GB простор за податоци. Батеријата е со капацитет од 4.300 mAh и има можност за брзо полнење, како и безжично полнење.

Со оглед на тоа што LG Velvet уште не е достапен надвор од Јужна Кореа, не може точно да се знае цената, но таму ќе се продава по цена од околу 700 долари. Со ова е јасно дека не се работи за прилично достапен телефон, но со оглед на цените околу и над 1000 долари кај моделите од највисоката класа, ова и не е така висока цена.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаКинескиот Huami развива проѕирна N95 маска која самата се дезинфицира
Следна статијаФормите на водата во палетата од бои на Huawei P40 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.