Денес буквално секој смартфон на планетава има GPS чип и антена, односно можност да биде лоциран со помош на глобалниот систем за позиционирање со вештачки сателити. Сепак, иако многу корисен, GPS-от во нашите смартфони не е претерано прецизен, барем не споредено со други индустриски уреди кои имаат GPS.

Поточно, скоро сите денешни смартфони можат да ве лоцираат со грешка од 5 метри, што значи дека локацијата може да е точна, но може и да е 5 метри во радиус од точната локација. Ова најчесто не претставува проблем за корисниците, но има ситуации каде поточна локација е потребна, како на пример изменета реалност, која за точно да прикаже податоци во околината, треба да има и точни информации за локацијата.

Решение за ова има Broadcom, компанија која е позната по своите антени за лаптопите и смартфоните. Тие имаат развиено нов GPS чип наречен BCM47755, кој ќе биде многу попрецизен од претходно и кој според производителот веќе е планиран да се вгради во неколку нови смартфони, кои треба да бидат лансирани наскоро (веројатно наредната година). Новиот чип користи сигнали од L1 и L5 категорија, што му овозможува поголема прецизност, но и можност да даде прецизен сигнал дури и во градовите со густо поставени згради.

Покрај повисоката прецизност, новиот чип ќе донесе и подолго траење на батериите, бидејќи ќе биде 50% поефикасен, што е одлична вест, бидејќи актуелните телефони се празнат прилично брзо со вклучена и активна локација.

Извор: Android Authority, Digital Trends, ZDNet

Претходна статијаFinney е првиот смартфон со “blockchain” можности
Следна статијаInstagram дозволува да изберете кој ќе коментира на вашите објави