google-pixel-1

Google денес го одржува настанот на кој се очекува да ја претстават наредната генерација од телефоните кои се прават под нивниот бренд. За овие модели се очекува да не го носат досегашниот Nexus бренд, односно треба да го носат новиот Pixel бренд кој компанијата го претстави со нивниот лаптоп компјутер.

Настанот ќе се одржи со почеток во 18:00 часот по македонско време, а истиот ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот на Google. Директниот линк во видеото е следниот.

Инаку, Pixel уредите од Google се очекува да бидат од високата класа и директно да конкурираат со новите iPhone модели, како и со најдобрите телефони од Samsung. Оваа година се очекува и цената на овие уреди да биде повисока од тоа што беше стандардот со Nexus уредите.

Покрај телефоните, за настанот се најавува и можноста за претставување на таблет компјутер, нова генерација на Chromcast уреди, Google Home уред, Wi-Fi рутер, како и нови информации и уреди поврзани со платформата на Google за виртуелна реалност, Daydream.

Настанот секако ќе биде интересен за следење, а главните информации по истиот ќе можете да ги добиете се разбира на Смартпортал.

Претходна статијаiPhone 7 има најкратко траење на батеријата од сите конкуренти
Следна статијаNokia телефон забележан на бенчмарк тестови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.