Со технологија која ја презентира на годинешниот CES саем, Sony претстави официјален производ наменет за професионалците, односно за дизајнерите кои работат со дизајн на автомобили, индустриски дизајн и се друго кое подразбира потреба од 3Д моделирање.

Се работи за екран кој кратко кажано, овозможува гледање на сликата во 3Д без потреба притоа од носење на очила или било каква друга опрема. Тоа го прави преку прикажување на повеќе слики во исто време, во различни агли, следејќи го движењето на очите.

Следењето на очите е и посебна технологија која Sony ја развива и алгоритамот кој потоа одлучува како да биде прикажана сликата е директно одговорен за нејзиниот квалитет.

Овој екран може да се нарече е екран кој покажува холограм, барем на ниво на развој до кое е во овој момент технологијата, а за нешто слично со научно фантастичните филмови, ќе причекаме изгледа уште некоја година, ако не и декада.

Уредот, односно екранот од Sony, е наречен Spatial Reality Display и доаѓа со големина од 15,6 инчи и 4K резолуција на сликата. За да може да функционира корисниците мора да го поврзат на посилен компјутер, односно се препорачува тој да работи на барем i7 процесор од Intel од десеттата генерација и ланските RTX графички од Nvidia.

Со оглед на тоа дека екранот е наменет за професионалците кои работат со дизајн, екранот е способен да ги прикаже сите бои од Adobe sRGB групата, а исто така доаѓа со поддршка за Unity и Unreal Engine.

Дека овој производ е замислен за професионалците, се гледа и од неговата цена од 5.000 долари која за тие кои живеат од нешто вакво, сигурно е вредна инвестиција, а посебно за големите компании, како Volkswagen со кои Sony најави соработка.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаNokia избрани од NASA за изградба на 4G мрежа на Месечината
Следна статијаДо 12 месеци HBO GO содржини со Samsung UHD телевизорите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.