Shutterstock.com

Ова не значи дека Месечината е спремна за туризам. NASA, кои планираат во оваа декада да се вратат на месечината и да изградат база таму, планираат до остварувањето на плановите да создадат услови за ефикасно функционирање.

Тие за „опремување“ на Месечината имаат издвоено околу 370 милиони долари кои ќе им бидат доделени на повеќе компании кои ќе имаат задача да овозможат одредена технологија. Меѓу работите кои ќе се прават на месечината се вклучени и генерирање на енергија, замрзнување на работи за чување, роботика, технологија за безбедно слетување и слично.

Тоа што повеќе привлекува внимание е што од NASA планираат да обезбедат и повеќе модерен начин на поврзување на Месечината, како на самата база, така и на неа со Земјата.

За таа цел избрана е компанијата Nokia, поточно нивната подружница во САД, Bell Labs. Оваа компанијата има за задача да изгради 4G мрежа на Месечината која ќе се користи од страна на идната база. Од Nokia истакнуваат дека оваа мрежа во иднина планираат да ја надградат во 5G.

Една ваква мрежа на Месечината би овозможила комуникација за контрола на „роверите“ кои ќе се користат за истражувања, навигација, како и стриминг на видео со висока резолуција, истакнуваат од компанијата.

Ова секако ќе овозможи и многу побрзо и со поголем квалитет пренесување на сликите и видеата на Земјата, нешто што сигурно ќе биде популарно и ќе сакаме да го гледаме тука дола на Земјата.

ИЗВОРCNN
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаПрви „рендери“ од Galaxy S21/30 и најава за порано претставување во јануари
Следна статијаSony претстави посебен екран направен специјално за дизајнерите и нивните 3Д дизајни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.