L3S

Livescribe 3 Smartpen е новото “паметно” пенкало чија основна функција е да ги дигитализира вашите рачно напишани текстови. Пенкалото е предвидено да работи во комбинација со Livescribe+ апликацијата достапна за iOS7 и ги поддржува следните уреди:

  • iPhone 4S (или понов)
  • iPad трета генерација (или понов)
  • iPad mini прва генерација (или понов)
  • iPod touch петта генерација (или понов)

Од Livescribe ветуваат поддршка за поголем број на уреди во иднина.

L3S11

За комуникација со вашите уреди Livescribe 3 користи Bluetooth LE трансмитер кој работи на радио фреквенција помеѓу 2402 и 2480 мегахерци. Во пенкалото е вградена литиумска батерија која се полни преку микро USB кабел, додека на горниот дел е сместена статусна LED сијаличка во 4 бои.

Livescribe 3 се вклучува преку ротирачки прстен кој се наоѓа на средниот дел од пенкалото. При првото вклучување LED индикаторот ќе трепне во зелена боја што значи дека пенкалото е спремно за поврзување со некој од поддржаните уреди. Поврзувањето се одвива преку Livescribe+ апликацијата, а штом се заврши успешно LED индикаторот ќе прикаже сина боја.

Пенкалото е компатибилно со сите Livescribe тетратки кои се достапни во најразлични формати и големини. Livescribe 3 пенкалото користи заменлив кертриџ со димензија од 67 x 2.5 милиметри.

Livescribe 3 поддржува креирање на таканаречени “Pencasts” интерактивни документи кои содржат аудио во синхронизација со вашиот рачно напишан текст. Звукот се снима преку микрофонот на вашиот уред и за време на овој процес LED индикаторот ќе свети во црвена боја.

Сеуште нема информации за цената и достапноста на Livescribe 3.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.