Dell денеска претставуваат 3 нови модели од својата Inspiron серија, односно Inspiron 7000 лаптоп, Inspiron 3000 ултрабук и Inspiron 23 All-in-one десктоп компјутер. Inspiron серијата е составена од компјутери со пониска цена, односно како што ја нарекуваат „буџет серија“, но тоа не значи дека уредите немаат одлични карактеристики.

Inspiron 7000

Inspiron-7000

Оваа серија има 3 модели, односно 14, 15 и 17 инчни лаптоп компјутери. Направени се од кован алуминиум и се доста лесни, а и најтенките до сега направени од Inspiron серијата. 14 инчниот модел е 15,3 mm, што е за 27% помалку од неговиот претходник. 15 инчниот модел е со 22,9 mm дебелина, а 17 инчниот модел е 27,9 mm и доаѓа со оптички уред (DVD, CD). Сите моделите во серијата доаѓаат со екран на допир, Corning Gorilla Glass NBT и осветлена тастатура. 14 и 15 инчните модели доаѓаат со Full HD екран по избор. Доаѓаат со 4-тата генерација на Intel процесори со избор на i5 и i7 верзиите. Со 15 и 17 инчните модели може да се избере и SSD диск.

Оваа серија ќе биде достапна во продажба почнувајќи од 26-ти Септември.

Inspiron 3000

Inspiron-11-3000

Ова е 11 инчен ултрабук наменет за лесна преносливост и подолго траење на батеријата. Има дебелина од 21,2 mm и тежина од околу 1,5 kg. Исто така доаѓа со екран на допир. Очекувано време на траење на батеријата од 8 часа и 20 минути.

Достапен во продажба ќе биде од 3-ти Октомври.

Inspiron 23

Inspiron-23

Ова е десктоп компјутер од типот на „Се во едно“, односно All-in-one. Доаѓа со ултра тенок дизајн и Full HD екран на допир. Овој модел ќе биде достапен од 1-ви Октомври.

Претходна статијаLivescribe 3 – ново “паметно” пенкало
Следна статијаAmazon претстави 3 нови Kindle Fire таблет компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.