Amazon официјално ги претстави новите таблет компјутери од Kindle Fire серијата, Kindle Fire HD (2013), Kindle Fire HDX 7 и Kindle Fire HDX 8,9. HDX 7 и 8,9 моделите ќе имаат и 4G верзија, која што ќе биде достапна нешто подоцна од верзијата без.

Сите модели доаѓаат со новата верзија на Fire OS, наречена Мохито. Како и претходните верзии и оваа е направена на база на Android (во овој случај 4.2.2), па корисниците можат да ги користат и стандардните Android апликации. Ново во оваа верзија на Fire OS е:

  • Carousel и Grid Избор на начинот на кои што се преставени апликациите. Покрај досегашниот Carousel модел кој се состоеше од поголеми слики од апликациите кои ги листате хоризонтално, сега ја има и стандардната листа на апликации во форма на мрежа.
  • Cloud Collections Синхронизација на апликациите, книгите, списанијата и весниците во „облакот“ и можност за користење на истите на повеќе уреди.
  • Интеграција на социјалните мрежи во самиот оперативен систем
  • Mayday копче Опција вградена во главното мени на оперативниот систем кое нуди можност, со притискање на истото 24/7, да добиете помош од техничката поддршка на Amazon со директна контрола на екранот. Оваа опција ќе биде дотапна само во HDX 7 и 8,9 инчните модели.

Моделите доаѓаат со нов дизајн, односно делот каде што се поставени звучниците сега е заоблен под поголем агол, а исто и копчињата за јачина на звук и заклучување се повеќе истакнати од претходните верзии, па се полесни за притискање. HDX 7 моделот има резолуција од 1,920 x 1,200 и 323ppi, додека HDX 8,9 моделот има 2,560 x 1,600 резолуција и 339ppi. HDX моделите исто така имаат 2.2GHz quad-core Qualcomm Snapdragon 800 процесор и Adreno 330 графички процесор, како и 2GB RAM меморија.  HD моделот доаѓа до 1.5GHz dual-core процесор.

Очекуваното трање на батеријата е 11 часа во комбинирано користење на уредите. Доколку уредот се користи за читање процесорот преоѓа во состојба на пониска енергија, па батеријата треба да издржи до 17 часа.

Претходна статијаDell претстави нови компјутери од Inspiron серијата
Следна статијаСедум нови можности на Siri во iOS 7
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.