На настанот кој Apple го одржа вчера, покрај двата паметни часовници, Apple Watch Series 6 и Apple Watch SE, ја претстави и осмата генерација од основниот и најстар iPad лаптоп компјутер.

Овој основен iPad е таблетот со 10,2 инчен екран, односно првиот iPad што беше претставен, а сега веќе ја добива својата осма генерација. Со оглед на тоа што сега ги има iPad Air, како и Pro моделите, овој iPad останува да биде основен модел или како што го нарекуваат од Apple, најпопуларниот iPad.

Главната новина кај овој модел, кој го задржува изгледот, е воведувањето на A12 Bionic чипот, кој иако не е нов, му дава на таблет компјутерот големо подобрување на перформансите. Од Apple истакнуваат дека овој iPad има 40% подобрени перформанси во споредба со претходниот модел, како и дупло подобри перформанси кога е во прашање графиката.

Интересно, Apple прави споредба и со конкурентите на пазарот на лаптопи, па истакнуваат дека новиот iPad е два пати побрз од најпродаваните Windows лаптопи, до три пати побрз од најпродаваните Android таблет компјутери, а дури до шест пати побрз од најпродаваните Chromebook лаптопи.

Секако, кога се кажува најпродавани, обично тоа се просечни модели, кои чинат до околу 500 евра, а Apple се познати по добрите перформансите на нивните чипови, па ова тврдење може да се земе како точно.

Осмата генерација од iPad доаѓа и со поддршка за Apple Pencil, но првата генерација, а исто така големи новини може да се очекуваат од iPadOS 14.

Почетната цена на новиот iPad ќе биде 329 долари, а моделот со мобилна конекција ќе се продава со цена од 459 долари.  

ИЗВОРApple
Претходна статијаFAVORIT – Добар квалитет и цена се идеална комбинација за успешен бизнис
Следна статијаВлезете во светот на ЗОО Скопје преку екранот на вашиот смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.