Google минатата недела ја претстави првата програмерска верзија од Android 13 и со тоа официјално започна јавното тестирање на наредната генерација од овој оперативен систем.

Како дел од Android 13, Google ќе ја вгради познатата KVM – Kernel-based Virtual Machine алатка во обид да ја намали фрагментираноста која е карактеристична скоро за секој дел од овој оперативен систем.

Оваа алатка овозможува инсталација на други оперативни системи, меѓу другото, поради тоа што овозможува целосен пристап до ресурсите од уредот.

Програмерите веќе ја искористија оваа нова можност и го инсталираа Windows 11 на Google Pixel 6. Од сликите може да се види целосната инсталација на системот, како и функционирањето на апликациите.

Се гледаат и ресурсите преку Task Manager, па станува јасно дека мобилните се станати доволно моќни за да може на нив да функционираат и оперативни системи наменети за компјутерите.

Според коментарите од програмерот кој го инсталира Windows 11, перформансите се задоволителни и покрај тоа што може да се користи стандардно, на него може да се играат и некои игри, иако не успеал добро да ја направи интеграцијата на графичкиот процесор со системот.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПод мотото „Истражи ја креативноста“ Пакомак заедно со Бимилк и Скопска пивара го распиша овогодинешниот конкурс „Trash for Art“
Следна статијаДекада исполнета со здрави навики и рекорди: Денес започнува пријавувањето на 10та Авицена Женска трка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.