windows-10-desktop-2

Кинескиот пазар е премногу голем за Microsoft да не го сфати сериозно за зголемување на шансите на успех на нивниот Windows 10. Кинеската влада исто така е голем корисник којшто може да влијае на користењето на овој оперативен систем, не само во владините служби, туку во целата земја.

Веќе можевме да прочитаме дека кинеската влада има забрането инсталирање на Windows 8 на владините компјутер во 2014 година, па Microsoft се осигура дека тоа нема да се случи со новиот Windows 10 уште минатата година.

Компанијата се договори со кинеската влада дека ќе им овозможи посебна верзија на нивниот оперативен систем којашто ќе биде одобрена од нив.

Според пишувањата на кинескиот магазин Caixin развојот на посебната верзија е завршен, па кинеската влада ќе може да почне да го користи. Оваа верзија од Windows 10 е наречена Windows 10 Zhuangongban, што во превод значи Windows 10 Specially-provided Edition (специјално овозможена верзија).

Информацијата за Caixin ја потврдува директорот на Microsoft за Кина Ралф Хауптер, којшто не дава многу информации за тоа колку различна ќе биде кинеската верзија од другите.

Она што го дава како информација е дека кинеската верзија ќе вклучува помалку апликации и функции наменети за обичните корисници, а ќе бидат овозможени повеќе можности за менаџирање на оперативниот систем и повеќе сигурносни функции.

Кинеската влада веќе развива сопствен оперативен систем базиран на Linux, наречен NeoKylin којшто веќе почнува да се користи во владини служби. Постигнатиот договор со Microsoft и овозможувањето на посебната верзија од Windows 10 сигурно сепак ќе го задржи овој оперативен систем како главен. Тој сепак е најмногу користениот десктоп систем, па на него се достапни најголем број на апликации.

Извор: TechInAsia, Windows Central, Gizmodo

Претходна статијаНа Build 2016 ќе има интересни новости за живите плочки и известувања во Windows 10
Следна статијаFBI успешно го отклучи познатиот iPhone – ја откажа судската постапка за помош од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.