Microsoft-Interactive-Live-Tiles

Build 2016 настанот на Microsoft ќе се одржи од 30-ти март до 1-ви април, односно од среда до петок. За 1-ви април – петок, Microsoft преку Channel 9 најави „What’s New for Tiles and Toast Notifications“, односно „Што е ново за плочките и известувањата“.

Дали Windows 10 конечно ќе ги добие одамна најавените и очекувани интерактивни „живи плочки“.

Веќе можевме да прочитаме за тоа дека претставениот концепт за интерактивни живи плочки треба да биде достапен во одредена форма во Windows 10, меѓутоа како што видовме, тоа не се случи.

Живите плочки кои беа претставени во Windows 8 за десктоп покажуваат одредени информации од апликацијата, меѓутоа корисниците не можат да прават ништо дополнително на нив.

Она што се бара веќе одамна е овие плочки да бидат интерактивни, односно корисниците да можат да прават одредени активности на нив, како што е паузирање на музиката, на пример.

Во најавата Microsoft ја пренесува следната информација:

„Живите плочки еволуираат со две многу барани изненадувања кои не би сакале да ги пропуштите.“

Извор: Channel 9, The Verge, Ubergizmo

Претходна статијаКако медитацијата го менува нашиот организам?
Следна статијаWindows 10 Zhuangongban – посебна верзија на Windows 10 за кинеската влада
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.