(Видео) Новиот изглед на Старт менито и останатите новини во најновата Windows Insider верзија

Како изгледа „новото“ Старт мени во Windows 10 кое ќе биде достапно за сите корисници во некоја од наредните верзии од оперативниот систем

До пуштањето на најновата, 20161, тест верзија од Windows 10, дел од Dev каналот, според новите имиња, немавме ни малку претстава кога може да го очекуваме „новото“ Старт мени кое беше најавено на почетокот од година. Сега истото може да го пробаат сите корисници кои ќе ја инсталираат Dev верзијата од Windows 10.

Промените кај Старт менито во главно се поврзани со тргање на бојата на плочките, која сега е иста зависно од избраниот режим и останати бои, но најважно од се, плочките се проѕирни и акцентот е ставен на иконите со што се добива многу подобра прегледност и избор на апликациите.

Исто така, тргнати се рамките, односно квадратите во боја околу иконите на листата со апликациите на левата страна од Старт менито, со што генерално според нас ова мени сега изгледа многу подобро.

„Живоста“ на плочките останува, нешто што не беше сигурно дали ќе биде така по низата неофицијални информации дека Microsoft ќе ја откаже оваа функција. Тоа значи дека апликациите како Mail, Calendar, Weather и други кај кои е практично и логично да прикажуваат информации, ќе продолжат да го прават истото.

Промени кои вреди да се истакнат има уште неколку во оваа тест верзија од Windows 10, а сите, заедно со новото Старт мени, можете да ги погледнете во одличното „hands-on“ видео на почетокот од оваа статија, направено од дечките од Windows Central.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаWizz Air ги отвори своите рути од и до Македонија
Следна статијаAmazon ја претстави својата Prime Video апликација за Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.