redstone

Microsoft веќе најави дека Windows 10 ќе ја добие првата поголема надградба за компјутерската верзија во првото тримесечје од оваа година. Windows 10 Redstone надградбата треба да донесе неколку подобрувања, но еве и едно „фан“ видео, кое има навистина одлични идеи за тоа во која насока треба да се подобри одличниот оперативен систем.

Прво што се забележува кај “Redstone Concept” е дека живите плочки се повеќе оддалечени една од друга и нивното име, односно наслов е под нив, а не на нив. Ова по мене е единствената идеја што е чекор назад, а не напред – сите ние би сакале што повеќе плочки, на што помал простор.

Од друга страна, внесени се благи анимации кога ќе поминете со маусот врз плочките или иконите на таскбарот, што мислам дека изгледа навистина одлично. Во Action Center пак кај иконата за светлина, односно “Brightness”, ставен е лизгач за фино подесување на светлината – во моментов може да подесувате по четири претходно дефинирани параметри на светлина на дисплејот.

redstone-1

Најголема промена во прегледувачот на датотеки, односно “File Explorer” е поддршката за табови, исто како во прелистувачите за интернет. Ова е веќе подолго барана опција, која ја има во Linux дистрибуциите и која може драматично да го олесни пребарувањето, копирањето и префрлањето на датотеки.

Во таблет модот, во овој Redstone Concept има вградено и неколку корисни подобрувања, како на пример “Swipe” команди (лизгање на прстот) за отворање на столбот со сите апликации и затворање на апликациите во мултитаскинг прегледот со иста “Swipe” команда – многу слично како што се прави во Android, а што ние забележавме дека треба да се имплементира.

redstone-2

На крај, подобрувања има и во Edge пребарувачот кога е во таблет мод – копчињата горе се поголеми и полесни за работа на допир, а има и “Tab View” мод, каде сите отворени табови можете да ги видите одеднаш и да ги затворите со лизгање, односно “Swipe” на прстот.

Покрај подобрувањата во овој концепт, Microsoft уште во времето на Windows 8.1 најави можност за интерактивни живи плочки, кои би можеле да ги видиме во Redstone надградбата. Овие живи плочки ќе нудат можност за промена на некои параметри без да се влезе во апликацијата – на пример, директно од живата плочка ќе може да смените песна, да изберете еден од чет разговорите и да видите повеќе информации од него итн.

Извор: YouTube, Softpedia News, Neowin

Претходна статијаПовик за учество на A’ Design Award & Competition натпреварувањето
Следна статијаGoogle ја објави исплатената сума за враќање на привремено купениот google.com домејн