vulkan_logo-100571934-gallery

Ако ги прашате гејмерите, најдобриот оперативен систем за играње игри е Windows. Зошто е тоа така? Прво, за него се достапни убедливо најмногу игри и второ, DirectX API-то, кое е наменето за комуникација меѓу хардверот и игрите, овозможува многу, многу подобра графика од таа во Linux и Mac OS машините, како и подобри перформанси во игрите. Отсега, ова ќе се смени – Vulkan ќе го подобри гејмингот и кај Linux компјутерите.

Имено, Linux машините користат Open GL платформа за графика, која од своето претставување во 1991 година нема доживеано некои поголеми промени и покрај тоа што во меѓувреме перформансите на графичките чипови се зголемија за неколку стотици пати. DirectX од друга страна добива нова верзија со излегувањето на нов Windows и заедно со новата верзија (DirectX 12 во Windows 10), гејмерите добиваат подобра графика и подобри перформанси, додека дивелоперите на игри добиваат можност за вградување на уште подобро гејминг искуство.

Vulkan API е целосно нова платформа на конзорциумот Khronos, која ќе работи со Linux компјутерите и која треба да конкурира на DirectX во сите параметри. Ова е особено важно за Steam OS оперативниот систем, кој е специјално развиен како гејмерски систем и кој конечно ќе може да им понуди на гејмерите искуство какво што би имале на Windows компјутер.

Сепак, подобрувања ќе има и кај мобилните платформи – да не заборавиме, Android е всушност своевидна Linux дистрибуција, како и евентуално во Mac OS оперативниот систем на Apple. Исто така, Vulkan ќе се користи и во разни други уреди, како на пример VR уредите, автомобилите, дроновите итн.

Како и DirectX, а за разлика од Open GL, Vulkan ќе има поблиска интеракција со новите процесори и графички картички со повеќе јадра и благодарение на тоа ќе може многу побрзо да ја извади сликата. Ова ќе придонесе да нема забавување во рендерирањето на сложената графика во новите игри и со тоа да се подобрат перформансите и нивниот изглед.

Првото претставување на Vulkan ќе се одржи на 18-ти февруари, иако беше најавено дека ќе биде достапен уште во декември претходната година.

Извор: PCWorld, Khronos, TechTimes

Претходна статијаЧитањето на мозочните сигнали и мислите веќе е возможно
Следна статијаПостигнати рекордни брзини на пренос на податоци преку едно оптичко влакно