По пуштањето на финалната верзија од Android 13 на крајот од август, Google оваа недела ја пушти верзијата од овој систем прилагодена за уредите од ниската класа, односно Go верзијата од Android 13.

Од компанијата истакнуваат дека во петте години од кога е пуштена за првпат Android Go верзијата, 250 милиони месечни корисници користат уред со оваа полесна верзија од оперативниот систем.

Android 13 Go донесува доста добри новини во споредба со досегашната практика, па корисниците кои имаат уред со оваа верзија ќе имаат доста подобро корисничко искуство. Уреди со оваа верзија може да се очекуваат од идната година.

Една од главните новини кај Android 13 Go е Material You дизајнот кој на корисниците на уредите од пониските класи им го донесува најновото од Google кога е во прашање корисничкиот интерфејс. Со овој дизајн доаѓа познатата можност за менување на боите на целиот систем врз основа на боите во позадината која се користи во моментот. Корисниците имаат можност да изберат од четири комбинации извадени од позадината.

Оваа верзија од Android Go ја донесува и одличната Discover функција до која се пристапува со повлекување десно од главниот екран и на истата се прикажуваат новости од Google, временската прогноза и слично.

Дополнително, Android 13 Go ја добива можноста за надградба на системот преку Google Play System Updates со што корисниците ќе добиваат поредовно важни надградби за кои нема да мора веќе да чекаат да излезе некоја целосно нова верзија од системот.

Некои од новите функции на Android 13 доаѓаат и во Go верзијата, па така доаѓаат функциите како потврда за апликациите дали може да испраќаат известувања, можноста за избор различен јазик за секоја апликација и повеќе.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаWindows 10 ја доби надградбата за 2022 без некои посебни новини
Следна статијаMotorola прикажа концепт на смартфон со екран кој се намотува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.