decline-windows-10

Microsoft им потврди на американските ИТ портали дека апликацијата Get Windows 10, која им „досадува“ на корисниците на Windows 7 и 8/8.1, конечно ќе добие јасна и едноставна можност за одбивање на надградбата која ја нуди.

Ова е нешто што би било очекувано да го има уште од самиот почеток, нешто за коешто не би ни требало да се дискутира. Корисниците на Windows 7 и понов, ја имаат можноста бесплатно да го надградат својот систем на Windows 10, но би очекувале дека тие што не сакаат тоа да го направат ќе можат да го изберат тоа.

Веќе е познато колку ситуации можеа да се прочитаат за тоа како Microsoft се обидува да ги мотивира корисниците да го инсталираат Windows 10, до степен што почна да се доведува во прашање угледот на компанијата.

Пред некој ден можевме да прочитаме дека од компанијата имаат изгубено случај на суд за лошо помината и наводно не одобрена Windows 10 надградба за што ќе треба да исплатат 10.000 долари на бизнисменка од Калифорнија.

Најновата верзија од Get Windows 10 уште главниот акцент ќе го става на можноста за надградба, а тоа ќе се гледа од копчето за таа намена кое ќе остане најголемо и во преден план.

Корисниците сега ќе имаат можност и да ја одбијат понудата и да не го надградат својот систем на Windows 10, нешто што е чудно што се воведува на 1 месец пред истекот на понудата за бесплатна надградба.

Извор: The Verge, GHacks

Претходна статијаTwitter воведе поддршка за стикери на сликите кои ќе може да бидат пребарувани
Следна статијаWindows 10 Anniversary Update достапна од 2-ри август?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.