twitter-stickers-1

Twitter во периодот што следи ќе воведе поддршка за додавање на стикери на сликите кои корисниците ги објавуваат на социјалната мрежа. Ќе може да се додадат повеќе стикери, а истите ќе може да бидат позиционирани под разни агли, а ќе може да им се прилагодува и големината.

Ништо ново во светот на социјалните мрежи, а со оглед на популарноста на ваквата можност, не е чудно што Twitter ја додава за својот сервис.

Корисниците ќе можат да изберат од поголем број на засега бесплатни стикери, односно додатоци, емоџи икони и реквизити со кои ќе ги направат своите слики поинтересни за споделување.

Стикери ќе бидат достапни и за одредени настани, како што е сега на пример европското првенство во фудбал. Ова ќе биде важно и за одредена карактеристика која ќе ја имаат стикерите, а ќе ги направи еден вид на фото хаш тагови.

twitter-stickers-2

Стикерите кои ќе ги ставаат корисниците ќе може да бидат пребарувани, односно на нив ќе може да се притисне, по што корисникот ќе биде пренасочен на листа со слики на кои е поставен соодветниот стикер.

Тоа ќе биде навистина корисно кога ќе се користат стикерите за одредени настани, по што корисниците ќе добијат уште еден начин на следење на настаните, покрај познатите хаш тагови.

Поддршката за стикери ќе биде воведена во неделите што следат на мобилните апликации на Android и iOS, а корисниците ќе можат да ги гледаат и кликаат стикерите и преку веб.

Извор: Twitter, Wired, VB

 

Претходна статијаСпоред Microsoft, иднината на интеракцијата со компјутерите е во гестикулации со рацете
Следна статијаGet Windows 10 апликацијата добива копче за одбивање на надградбата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.