IMG_20160617_080542

Можеби Chrome OS не може да се пофали со некој посебен пазарен удел, меѓутоа неговиот концепт привлекува доволно корисници. Главната карактеристика на лаптопите со овој оперативен систем е што тие нема потреба да имаат силни и најнови компоненти поради фактот што оперативниот систем во главно работи преку Chrome прелистувачот и веб апликациите кои се достапни.

Најголемата предност, она на што се темели Chrome OS, може да се каже дека во исто време е и неговата најголема слабост. Едноставно некои работи се’ уште не може да се извршат како што треба со веб апликациите, па достапноста на посебни апликации, останува како нешто што фали на оваа платформа.

Веќе одреден период се знаеше дека ова нема да остане вака. Односно Chrome OS, иако достапен на комерцијални производи, е концепт во развој, па јасно беше дека моменталната форма не е и финалната.

Како што беше најавено пред одреден период, Google минатата недела овозможи достапност на Play Store на Chrome OS, а со тоа и достапност на апликациите. За почеток оваа можност е достапна само за developer верзијата од Chrome OS, како и само на Asus Chromebook Flip уредот, но најавена е поддршка за повеќе уреди со тек на време.

Достапноста на продавница за апликации каква што е Play Store значително ја менува вредноста на Chrome OS, кој прераснува од обичен прелистувач во целосен оперативен систем со огромен избор од апликации. Овие апликации сепак не може да се споредат со десктоп апликациите на Windows и macOS, меѓутоа, ситуацијата е значително подобрена во споредба со веб апликациите.

Некои работи функционираат одлично и без посебна дедицирана апликација, меѓутоа корисниците на Chrome OS сигурно ќе бидат среќни што ќе можат да ги користат Android верзиите од Microsoft Office, на пример. Има цела листа на апликации кои се достапни на мобилните платформи, меѓутоа немаат соодветно функционални веб верзии.

Извор: Google+, The Verge, Android Central, LifeHacker

Претходна статијаToyota спрема автопилот со „Вештачка интелигенција“
Следна статијаGoogle со нов начин за најавување на сметките со дво-факторска автентикација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.