Ако не ви е до крај јасно што точно значат имињата од насловот, односно која е разликата од нив, не сте единствени, а Google може да се каже дека се познати по правењето на забуни со повеќе верзии од еден вид на сервис.

Во основа, Android TV, како што кажува и самото име, е верзија од Android која е прилагодена за телевизорите, со посебен кориснички интерфејс и посебно прилагодени апликации.

Google TV е нов производ од компанијата која со тек на време ќе го замени Android TV. Кратко кажано, Google TV треба да ја врши истата работа како Android TV, односно да овозможи посебен кориснички интерфејс за телевизорите, па можеби и наједноставно би било ако го нарекуваме наредната верзија од Android TV. Додека почне да се појавува кај новите телевизори, Google TV сега е достапен преку Chromecast уредот.

За разлика од Android TV, Google TV акцентот го става на содржината, без разлика од која апликација доаѓа. Кога ќе го вклучите вашиот телевизор, во преден план се филмовите и сериите од сервисите на кои сте најавени, а во САД таа бројка секако е поголема.

За да се намали разликата помеѓу овие две платформи, а и забуната кај корисниците, Android TV добива надградба која ќе го направи многу посличен на Google TV.

Двете платформа нема да бидат исти, но концептот е приближен, па корисниците нема да забележат голема разлика доколку оваа година купат нов телевизор кој работи на новиот Google TV.

Главниот екран на новата верзија од Android TV ги прикажува апликациите кои се инсталирани, како и до сега, но во променет кориснички интерфејс. Сепак за разлика од Google TV, за да ги видите различните филмови и серии ќе мора да отидете на Discover делот, кој па е главен кај Google TV.

Оваа промена дефинитивно го донесува Android TV во добар правец, иако нема да се развива уште долго. Корисниците кои ќе го користат својот Android TV телевизори уште неколку години со ова добиваат помодерно искуство.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOneDrive на Android добива поддршка за Samsung Motion Photos и 8К видеа
Следна статијаКако паметните луѓе се соочуваат со невработеноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.