Автор на текстот е David Torrealba кој е новинар од Венецуела, илустратор и SEO автор. Тој креира содржина за блогови, друштвени мрежи, весници и веб страни од 2016 година.


Сите кои имаат изгубено работно место во својот живот знаат каков удар тоа знае да биде. Стравот од непознатиот пат кој следува е доволен да ви го помати умот ако му дозволите. Ако згора на тоа, вашето отпуштање било резултат на катастрофалниот ефект од пандемијата на економијата, сигурно почнувате да паничите.

За да го вратите вашиот живот во нормален тек, морате да се справите со вашата нова ситуација на правилен начин. Менаџирање на психолошките фактори, како и грижа за практичните работи. Ако не знаеш како да почнеш да се соочуваш со твојата невработеност, еве неколку предлози.

Направи проценка на твоите вештини

Еден од емотивните ефекти од губењето на работното место е чувството на беспомошност. Ова нема да ви помогне. Тоа што треба е да ја преземете контролата преку фокусирање на работите кои можете да ги контролирате, како што е изготвувањето на план.

Направете листа од сите вештини кои ги поседувате. Размислете на тоа што го имате работено претходно и ставете го тоа во форма која ќе биде привлечна за потенцијалните работодавци. Набројувањето на сите ваши способности ќе ви даде поширока перспектива на тоа што можете да го понудите, како и кои позиции и области би биле погодни за вас. Штом ќе го направите тоа, додадете го во вашето резиме и онлајн профили. Мислете на работни места за кои се потребни вашите конкретни вештини. Брзо пребарување преку Google може исто така да ви даде алтернативи на кои можеби немате помислено.

Константно барајте

Штом ќе добиете идеја за тоа кои позиции треба да ги барате, почнете со пребарувањето. Аплицирајте на што е можно повеќе позиции кои ги задоволуваат вашите критериуми и правете го тоа секој ден. Има илјадници луѓе кои го бараат истото како и вас, па затоа морате да бидете истрајни.

Исто така важно е да се поставите кон секоја апликација со целосно внимание и посветеност. Нема корист од испраќање на општи резимеа, па морате да ги прилагодите за да ја отсликаат вештината која ве прави погодни за работата. Ова не значи да правите ново резиме за секое аплицирање, но морате да го направите посебно секое барем малку.

Проширете ги вашите можности

Во моменталната состојба во земјата, морате да ги земете во предвид долгорочните ефекти на пандемијата на пазарот на труд. Многу индустрии претрпеа голем удар, како што се рестораните и традиционалните продажни места. Други, како е-трговијата и технолошката индустрија, успеаја да напреднат. Ова доведе до големи пренасочувања на американските професионалци и е нешто што треба да го земете во предвид при барањето на работа.

Фокусирани сте во барањето на нов извор на приходи што е можно побрзо. Сепак, одвојте време да размислите за вашата кариера и областа во која бевте досега. Размислете дали уживавте во неа и дали имавте простор за напредок. Исто така, размислете за тоа како областа се справува со COVID-19.

Ако дојдете до заклучок дека правецот во којшто сте оделе до сега не ги задоволува сите ваши очекувања, гледајте на вашата ситуација како шанса да ги проширите вашите хоризонти. Ова може да е моментот да го подобрите вашиот живот за иднината. Не се ограничувајте себеси – небото е границата.

Разберете ги вашите финансии

Преземањето на контрола врз вашите финансии за време на несигурни времиња е многу терапевтска активност. Кога веќе немате стабилен приход, морате да ги разберете вашите финансии целосно. Првиот чекор е да ги преброите сите пари кои ги имате и каде ги имате. Потоа оставате да тие пари ве водат во правењето на вашиот буџет.

Да знаете каде ги трошите вашите пари ќе ви овозможи да скратите на некои работи кои не се потребни. На долг рок, ова може да ви овозможи повеќе време да ја најдете перфектната позиција без непотребен стрес. Ќе ви претстави чиста слика на вашата ситуација.

Не заборавајте да го погледнете и вашиот долг. Многу кредитори овозможуваат посебни мерки за овие времиња, па стапете во контакт со сите. Во поголемиот број на случаи, тие би биле спремни да преговараат за условите на вашиот долг, па објаснете ја вашата ситуација.

Заклучок

Кога сте невработен не е време да се концентрирате на вашата непогодна ситуација. Баш напротив, тоа е време кога треба да бидете најмногу активни, затоа што има многу работи што може да се направат. Структурирајте ги вашите денови, бидете конзистентни. Не можете да контролирате се, но можете да го разберете процесот. Во тоа се наоѓа вашата моќ сега.

Претходна статијаAndroid TV добива надградба која ќе го направи многу посличен со новиот Google TV
Следна статијаКомпанијата Visa воведе иновации базирани на вештачка интелигенција за попаметни плаќања