Со почеток во 19:00 часот овој четврток, 15.07.2022, ќе се одржи онлајн настан за сајбер безбедност и заштита на приватноста, во организација на Women in Tech Macedonia. Во денешниот свет, информациите се многу клучни и ние треба да ги заштитиме. Целта на настанот е да ја едуцира публиката за важноста на заштита на приватноста, методи за заштита и безбедности аспекти.

Нашиот реномиран професионалец за сајбер безбедност, Драган Илиевски ќе зборува за своето професионално искуство, ќе го сподели своето знаење за безбедносните аспекти и ќе сподели одредени методи за заштита на нивната приватност и безбедно користење на технологијата со публиката.

Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани. Придружете ни се на линкот и дознајте како да ја заштитите својата приватност.  Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.

Претходна статијаiOS 16 официјално достапен за сите корисници на iPhone
Следна статијаСојуз на средношколци: Учениците повторно беа пречекани од добро познатиот проблем со недостаток на учебници