Успешно е завршен Самитот на Huawei за жените програмери (Huawei Women Developers Summit), на кој се придружија жени од различни области и во различни фази од развојот на кариерата и го покажаа своето зајакнување. На самитот беа поканети неколку истакнати жени од науката и технологијата да го споделат своето техничко знаење, работно искуство и личните приказни, со цел да охрабрат повеќе жени на активен начин да играат вредна улога во науката и технологијата.

Huawei Women Developers (HWD), носител на овој самит, ги поттикнува жените програмери да креираат апликации и алатки што го менуваат светот и охрабрува повеќе жени да се вклучат во технолошките иновации, обезбедувајќи им повеќе ресурси, можности и платформи за учење, комуникација и самоизразување, со цел изградба на повеќекратен екосистем.

Сè уште има многу простори и можности жените да се развиваат во науката и технологијата. За да се отстрани дигиталниот јаз меѓу половите, Huawei покрена програми за овозможување на дигиталната технологија за жени во Ирска, Аргентина, Бангладеш, Кенија, Јужна Африка и други земји или региони. Директорот за операции на Huawei Consumer Cloud Service Developer Alliance одржа говор на самитот во кој истакна: „Навистина се надеваме дека повеќе жени можат да играат водечка улога во технолошките иновации со своите таленти, вредности и силни страни“. Како таков, HWD континуирано ќе пружа повеќе можности и поддршка за жените во технологијата.

Танг Венџи, ко-основач на Ladies Who Tech, учествуваше во темата „Технологијата нема пол“. Таа го изнесе своето верување дека развојот на науката и технологијата бара тимови со родова разновидност и поголема инклузивност. Соочени со постоечките родови стереотипи и силни предрасуди, жените треба да бидат похрабри во дизајнирањето и создавањето технолошки или дигитални производи.

Во ерата на женски стартапи, искуството како жените во технологијата со позитивен став ги балансираат предизвиците и тешкотиите при стартувањето на компанија, привлече големо внимание. Лиу Ји, коосновач на QIchat ги охрабри жените во технологијата да иновираат и да го промовираат напредокот на науката и технологијата, споделувајќи ги сопствените искуства во доменот на достапниот и универзален домен на образование.

Продукт директорот за реклами на Huawei и дизајнерот на корисничко искуство на Huawei 2012 лабораториите, исто така, дискутираа за тоа како жените програмери играат позначајна улога во крос-технолошките области од перспективата на деловното размислување и техничката пракса. Инсистираа на тоа дека жените треба да се обидат да дадат поголем придонес во технолошката индустрија на различни начини со бескомпромисен и самоуверен дух.

Покрај тоа, Huawei има за цел да охрабри поголем број студентки да учествуваат во технолошката работа и да ги реализираат сопствените вредности. Чен Тианкчин, дипломирана студентка за GIS на Универзитетот во Нанџинг, го сподели своето развојно искуство во научното истражување. И како новодојдена во технолошката индустрија, таа повика повеќе студентки да и се посветат на технологијата, за со својата храброст и ентузијазам да создадат бескрајни можности.

Во иднина, HWD ќе биде посветена на зајакнување на жените, со цел да ги подобрат своите професионални вештини и да ги прецизираат плановите за кариера, обезбедувајќи им обуки, салони за техничка иновација и сценарија за пракса, поттикнувајќи поголема комуникација помеѓу жените програмери преку разни активности на интернет и надвор од него, и овозможувајќи им да споделуваат знаење за технологијата и професионалното искуство, да разменуваат приказни и достигнувања и да го покажат зајакнувањето на жените, пружајќи им платформа.

HWD програмата сега е отворена за жените програмери од целиот свет. За повеќе детали, посетете ја страницата: https://developer.huawei.com/consumer/en/programs/hwd и кликнете за да аплицирате.

Претходна статијаМакедонската PR агенција IDEA LAB се приклучи на PROI Worldwide
Следна статија„Наредната генерација на Windows“ ќе биде претставена на посебен настан, најави директорот на Microsoft за време на Build 2021