Фото: Google

ChromeOS Flex е посебна верзија од ChromeOS која е направена да може да се инсталира на другите компјутери од Chromebooks, oдносно на тие кои се купени со Windows или дури и macOS.

Инсталацијата на ChromeOS Flex е едноставна, односно корисниците се што треба да направат е да ја искористат алатката од Google за креирање на USB „стикче“ за инсталација, по што системот се инсталира на компјутерот.

Од компанијата почнаа да го промовираат овој систем како одлична алтернатива за корисниците кои имаат постари компјутери, а тие се’ уште не се до толку стари и бавни, па главната „маана“ им е што веќе не се поддржани од страна на Microsoft, на пример.

Наместо истите да станат електронски отпадок, Google препорачува да им биде инсталиран ChromeOS Flex, „cloud“ оперативен систем кој е брз, безбеден и се надградува автоматски во позадина секои четири недели.

Овој систем може одлично да им се погоди на корисниците кои имаат компјутери некомпатибилни со новите барања кои ги постави Microsoft за Windows 11, а од крајот на идната година ќе ја изгубат и поддршката за Windows 10.

Корисниците кои во главно го користат својот компјутер за „сурфање“ и работа со документи, реално не им е потребно ништо повеќе од систем направен на основа на интернет прелистувач.

Google го промовира ChroneOS Flex како одличен начин бизнисите да ги намалат своите трошоци, а и да заштедат со зачувувањето на постојните компјутери. Тие даваат 11 причини зошто корисниците „победуваат со ChromeOS Flex“.

Дел од овие причини ја истакнуваат безбедноста на ChromeOS Flex и немањето потреба од користење на антивирусен софтвер, едноставноста при користењето и препознатливоста на Chrome, достапноста на апликации од Windows преку виртуелен систем, намалување на трошоците и слично.

Можеби подобра алтернатива за корисниците да е и некој од дистрибуциите на Linux, но за доста од корисниците полесно ќе биде да се навикнат на ChromeOS, отколку на Linux.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаДел од корисниците почнаа да го враќаат Apple Vision Pro по истекот на рокот од 15 дена
Следна статијаСтручно издание на проф. д-р Орце Симов: „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.