Shutterstock.com

На помалку од една недела пред да ја напушти позицијата претседател на САД, Доналд Трамп донесе уште една одлука поврзана со неговата „војна“ со Кина и кинеските компании. Овој пат на ред дојде Xiaomi, компанија која е чудо што толку долго не беше поставена на некоја од листите на американските власти.

За разлика од листите на кои е Huawei, Xiaomi беше додадена на листа од страна на Министерството за одбрана на САД, со тврдење дека оваа компанија е во сопственост или под влијание на кинеската армија. Во објаснувањето беше употребен дури и термин како „Комунистички кинески воени компании“, односно Xiaomi беше означена како ваква компанија.

Со оваа одлука и додавањето на листата им се забрани на американските компании да инвестираат во Xiaomi, односно да можат да ги купуваат акциите од компанијата, а тие што веќе тоа го направиле имаат рок до ноември оваа година да ги продадат своите акции.

Xiaomi поднесе тужба против Министерството за одбрана и Министерството за финансии на САД. Од компанијата имаат за цел да ја тргнат одлуката на властите во САД и да можат да продолжат да функционираат нормално.

Xiaomi за разлика од Huawei и уште неколку други компании сепак нема забрана за користење на американска технологија, па нивните производи немаат проблем да ги користат чиповите кои сакаат, како и сервисите и апликациите од Google.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаФИТР: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади
Следна статијаКорисниците на Apple уреди сега можат да ги користат своите лозинки и на Windows преку Google Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.