Shutterstock.com

Уште една кинеска компанија влезе на листа на американските власти, овој пат на воената листа, односно не истата на која е Huawei. Ова е листа на Министерството за одбра на САД која ја нарекува листа на „Комунистички кинески воени компании“, со која се тврди дека тие компании се во сопственост или влијание на кинеската армија.

Компанијата која е додадена на оваа листа, меѓу другите, е познатата Xiaomi, за која мора да признаеме се чудевме зошто до сега не беше додадена, со оглед на нејзината популарност и фактот дека е од Кина.

Одлуката им забранува на американските компании да инвестираат во оваа компанија, а исто така доколку тоа веќе го направиле, тие ќе треба да ги продадат сите свои акции до 11-ти ноември оваа година.

Од Xiaomi ги негираат овие тврдења и истакнуваат дека тие се компанија која овозможува производи и сервиси за цивилна и комерцијална употреба. Тие истакнуваат дека не се во сопственост, контролирани или поврзани со кинеската армија и дека не се „Комунистичка кинеска воена компанија“.

Останува да видиме дали ќе дојде до некоја позначајна промена во односот спрема Кина, а посебно најпознатите кинески компании по преземањето на власта од страна на Бајден за недела дена.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЕнергетска заедница: „Договорот помеѓу Макпетрол АД Скопје и Северна Македонија се приближува до целосна имплементација“
Следна статијаХуавеј се жали на одлуката на судот по исклучувањето од 5Г мрежата на Шведска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.