Google-Campus-Will-Be-In-Hyderabad

Во најновата дефиниција на немање живот поради работата, како и на „живеам за да работам, не работам за да живеам“ извитоперената фраза, постојат десетина (десетици?) „гуглери“ (вработени во Google) кои живеат на самиот кампус.

Најчесто тие живеат во возила кои се паркирани на паркингот, но има некои кои живеат внатре во просториите. Нивните приказни беа споделени на една Quora тема која беше предмет на придонес од повеќе вакви гуглери.

На пример, Брендон Оксендајн има живеено неколку месеци во 2013 година во комбе паркирано на кампусот на Google. Комбето било од Volvo, а во него биле сместени IKEA душеци, потемнети стакла, облека и слично. Кога ќе му се приодело по нужда, одел до најблиската зграда на комплексот и завршувал работа. Кога ќе му се пријадело, јадел се` што имало во Google (каде што, патем, храната е бесплатна за сите вработени). Кога требало да се тушира се – погодивте – туширал во Google. Зошто? За да си обезбеди пари да си купи куќа.

Метју Џ. Ривер живеел повеќе од една година на паркингот од кампусот, сместен во рекреационо возило во кое организирал забави и генерално си поминувал супер живот. Низ годината поминал низ лоша и влажна зима, а си имал и мала градина и бела ограда. Зошто? Поради облог.

Трет човек Анонимус напишал коментар на Quora дека живее и работи во Google од 2011 година до сега (а тоа било 2014 година, што значи дури 3 години). За жал, останал анонимен, па не можеме да го потврдиме ова. Постои уште еден Анонимус кој изјави дека „спиењето во коли е мамење“ и дека тој живеел во Google од мај 2011 година до јули 2012 година.

Како и да е, работењето и живеењето во еден ваков комплекс одделен од светот го поставува прашањето како тие луѓе ги остваруваат некои физиолошки потреби (на пример, тие кои го вклучуваат спротивниот пол). Веројатниот одговор е: не ги остваруваат.

Сепак, интересно е да се прочита на што се` се спремни вработените во вакви огромни компании да направат за да работат таму и какви феноменални услови истите компании им ги овозможуваат на нив. Баш не` интересира за сличните приказни со Apple кампусот, но ќе мора да почекаме за некоја друга прилика.

Извор: Recode, Quora, Business Insider

Претходна статијаBlackBerry Priv достапен за пред нарачка, ќе чини 699 долари
Следна статијаNASA ја одобри ракетата која ќе ги однесе астронаутите на Марс