Air Force Logo - Silver and Blue 3D, with text

Военото воздухопловство на САД, односно познатото US AirForce ќе повлече 5.000 Blackberry уреди од своите вработени и истите ќе ги замени во главно со Apple уреди, но и со други уреди од категоријата на паметни.

Blackberry уредите беа доста познати помеѓу владините корисници пред подолго време, односно пред излегувањето на iPhone и потоа сличните уреди. Популарноста на Blackberry во главно се должеше на безбедноста на комуникацијата за која што се тврдеше дека е најдобра кај овие уреди. Сега со развојот на други тип на уреди, Blackberry се помалку се користени и обидот од нивна страна да го спречат опаѓањето на продажбите со претставување на нова верзија од нивниот оперативен систем, како и нови телефони, не успеа. Затоа не е ни чудно што старите корисници на ваквите уреди полека почнуваат да се префрлуваат на некој од новите уреди достапни на пазарот.

Корисниците кои што сепак ќе сакаат да купат некој од достапните Blackberry уреди ќе мора да потпишат посебен договор за да може да го користат.

Претходна статијаNokia претстави три Android телефони
Следна статијаMicrosoft ќе ја намали лиценцата на Windows 8.1 за 70 проценти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.