ee43f82f-b503-4a6e-a278-73117f946da7_7

Конкретно се работи за цената за лиценцирање на Windows 8.1 од страна на производителите на компјутери (OEM) кои што обично плаќаат 50 долари за истата. Со намалувањето на цената тие ќе треба да платат 15 долари, односно 70% помалку од досегашната цена. Ова намалување сепак нема да важи за сите лиценци, односно истото ќе важи само за лиценцирање на уредите кои што потоа ќе се продаваат за цена помала од 250 долари. Со тоа Microsoft треба да ја заголеми заинтересираноста производителите да претставуваат уреди со Windows од пониската класа.

До ваква одлука во Microsoft доаѓаат поради непрекинатиот пад на користењето на PC компјутери на сметка на таблет компјутерите, а во последно време и Chromebook компјутерите со Chrome OS од Google. Повеќето Chromebook уреди кои беа претставени се од пониската класа, барем кога се работи за хардверот поради ниските побарувања на оперативниот систем. За овој оперативен систем производителите се повеќе се одлучуваат поради цената по која што може да го добијат истиот, односно во случајот бесплатно.

Со намалувањето на цената по која што го продава својот најнов оперативен систем, Microsoft ќе се обиде да ги мотивира производителите да не го забораваат Windows кога претставуваат поевтини модели. Ваков потег веќе е виден од нивна страна пред некоја година кога ја намалија цената на Windows XP поради појавата на поголем број на Linux netbook уреди. Исто така има најави според кои Microsoft планира да не го наплаќа лиценцирањето на Windows RT и Windows Phone на производителите.

Оваа информација сепак не е официјална и истата доаѓа од извори на Bloomberg кои што имаат побарано да останат анонимни, меѓутоа искуството покажува дека голем број од ваквите информации на крај се точни.

Извор: Bloomberg

Претходна статијаUS AirForce ќе замени 5.000 Blackberry со нови Apple уреди
Следна статијаBlackphone претставен на MWC 2014 во Барселона
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.