SW-TotalTV

SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор за партнерство со ТОТАЛ ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.

Овој договор значи и проширување на соработката помеѓу SunWireless и United Group (чиј член е ТОТАЛ ТВ), водечката телекомуникациска групација во регионот, откако пред неколку месеци беше потпишан и договор за соработка со SBB, најголемиот оператор на дигитална и аналогна кабловска телевизија и широкопојасен интернет во Србија, исто така член на групацијата.

Отсега, корисниците на ТОТАЛ ТВ  ќе имаат можност својата омилена сателитска телевизија да ја комбинираат со брз и стабилен интернет кој ќе биде овозможен од SunWireless и понуден во новиот ТОТАЛ МИКС пакет.

Корисниците на ТОТАЛ МИКС пакетот, покрај интернет за домашна употреба, ќе добијат можност да користат интернет сообраќај и во сите хотзони на SunWireless и UNIFI Wi-Fi мрежата низ Македонија, Србија, Словенија и БиХ на повеќе од 1800 локации.

Повеќе за ТОТАЛ МИКС пакетот можете да прочитате на следниов линк: http://totaltv.tv/Total+TV/1321/MIX.shtml

 

За SunWireless

SunWireless е водечки провајдер на безжичен интернет во Македонија со над 550 хотзони во земјата и во моментов сè поагресивно ја шири својата мрежа кон Косово, Албанија, Србија и Грција.

SunWireless нуди мобилност со своите при-пејд и пост-пејд интернет пакети, кои се така дизајнирани да можат да се вклопат во потребите на мобилниот клиент, а при тоа нуди и големопродажба на Wi-Fi мрежата и услуги за роаминг на податоци на своите телекомуникациски партнери.

SunWireless има потпишано договори за деловна соработка со SBB, ONE, iPass, Boingo, GOWEX, Skype, Аеродромите на ТАВ, најголемите македонски хотели, ЈСП Скопје, главната автобуска станица, студентските домови, повеќе ресторани, кафулиња итн.

http://www.sunwireless.com.mk

За Тотал ТВ

Тотал ТВ е најголем провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.

Тотал ТВ е член на United Group, водечката телекомуникациска групација во Југоисточна Европа заедно со SBB, Telemach Словенија, Telemach BH и 15 други помали телеком оператори.

United Group е во сопственост на KKR, една од најголемите инвестициски компании во светот.

Претходна статијаLastPass достапна како десктоп апликација за Mac
Следна статијаDropbox официјално достапен за Windows Phone, а надграден на Windows 8