Print

Организаторите на Стартап Викенд ве покануваат да бидете дел од Стартап Викенд Академијата: “Од одлука до развој на Старт-ап во Македонија”.

Што претставува?

Стартап академијата е иницијатива на организаторите на Стартап Викенд Скопје, која што ќе се одржува од 19ти до 21ви октомври, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и се организира со цел да ги подготви и насочи своите учесници за нивно успешно претставување на претстојниот Стартап Викенд Скопје. На истата ќе имате можност да научите од локални и странски експерти, да го слушнете нивното искуство и да добиете совети за подобрување или реализација на вашата идеја.

Што ќе научите?

Академијата вклучува три модули, кои што ќе им обезбедат на учесниците искуства од претприемачи и поддржувачи на заедницата, како и реални информации за тоа што значи да се донесе одлука за отпочнување и развој на Стартап бизнис во Македонија. Секој модул е со времетраење од 2 часа, и ќе ги опфати следните теми:

Среда, 19 октомври: Од едукација до старт-ап за време на студирањето;

Четврток, 20 октомври: Успешно брендирање, соработка со заедницата и приватниот сектор;

Петок, 21 октомври: Пристап до ресурси, финансирање и презентирање на идејата.

Кој може да се пријави?

Академијата е наменета за сите старт ап ентузијасти од различни индустрии, кои што имаат почетна бизнис идеја и сакаат да учествуваат на Стартап Викенд Скопје.

Новитет!

Картата за оваа академија изнесува 300 денари и со активно слушање на 90% од предавањата добивате бесплатно учество на Стартап Викенд Скопје.

Пријави и поважни линкови:

Регистрационен линк – отворен до Вторник 18 октомври.

Евентот на Фејсбук –  информации за настанот и предавачите.

Локација на одржување: ЊуМенс Бизнис Акцелератор (Женевска 17б, Тафталиџе)

Побрзајте, местата се органичени !

Претходна статијаВо Крушево се одржа StartQube работилница за социјално претприемништво
Следна статијаГерманските власти сметаат дека Тесла не треба да го користи терминот Автопилот