И годинава, на 31 март, трета година по ред, на Средно Водно ќе се одржи трката Semos Education Run чиј главен покровител е Семос Едукација најголемиот IT тренинг центар во Македонија и регионот, како дел од општествено одговорните активности на компанијата и оваа година истата покажува инцијатива за продуктивен живот и здрави навики.

Љубителите на спортот ќе имаат прилика да трчаат од Средно Водно, па се до манастирот “Свети Пантелејмон” и назад, со вкупна должина од 6 милји, односно околу 9,6 км. Исто така ќе се трча штафета со тимовите од по двајца учесници, ќе трчаат по истата патека каде што секој ќе треба да истрча по 5км.

Атлетски клуб Фортиус и оваа година се во улога на максимална техничка организација. За забавната атмосфера ќе се погрижи DJ Баже Antenna 5, а настанот ќе го води Марко Новевски.

За сите учесници Семос Едукација ќе обезбеди вредносни ваучери за кратки обуки за возрасни и деца, а за победниците вредносни ваучери за Семос Академии.

Пријавувањето е се’ уште во тек: https://runnerspot.com/event/Semos10K

Претходна статијаМарк Гурман: Министерството за Правда ризикува да ја избере погрешната борба со Apple
Следна статија15.000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела