Скопје, 25.03.2024 – Саемот на мебел 2024 година се одржа минатата недела, од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски“ и повеќе од 15.000 посетители беа дел од оваа саемска манифестација.

Бројот на посетители покажува дека македонската јавност поддржува вакви манифестации и сака да ги искористи сите поволности што ги нуди Саемот.

Оваа година, Саем на мебел на секој посетител му овозможи поинакво саемско искуство, со голем број изложувачи, со над 70 различни брендови, а освен богата понуда имаше и одлични попусти.

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година беше партнер на Саемот и на купувачите им обезбеди брз и едноставен начин на купување, односно на нивниот штанд ја претставија нивната поволна понуда на кредитни производи и картички, а тоа предизвика посебен интерес и задоволство кај посетителите.

Организаторите на Саем на мебел 2024 го оценуваат ова саемско издание за успешно, затоа што 15.000 посетители имаа можност  да го освежат својот дом со квалитетен и уникатен мебел и ги искористија саемските попусти. 

Претходна статијаСемос Едукација трета година по ред на 31 март на Средно Водно ја организира трката Semos Education Run 10KM
Следна статијаПремиерно на Pickbox NOW: Скандинавската авантура “Роња, ќерката на ограбувачот”