Shuttrstock.com

Случајот со Cambridge Analytica може веќе е подзаборавен од повеќето, но овој случај ни откри како масовноста на друштвените мрежи во денешно време, може да се искористи за манипулација и слични појави.

Оваа компанија, како и уште неколку поврзани, беа познати по тоа што го искористија начинот на којшто функционира Facebook, па преку обична апликација на која корисниците оговараат на прашања, имаат направено огромна база на податоци со интересите на корисниците, па дури и тие кои се само пријатели на тие кои ја имаат користено апликацијата.

Директорот на оваа компанија, како и на другите поврзани, Александер Никс, оваа недела доби забрана од државата за водење на било која компанија во наредните седум години. Забраната доаѓа директно од државата, односно не е судска одлука, а по, како што се истакнува, не негирањето на тврдењата дека овие компании нуделе потенцијално неетички услуги.

Почнувајќи од 5-ти октомври, Александер Никс е дисквалификуван на седум години да може да биде директор или директно и индиректно да е поврзан во промоцијата, формирањето и менаџирањето на компанија, истакнуваат од британската влада.

Според некои, оваа „казна“ е премала за тоа што се има случувано, но сепак е познато дека голем дел од работите беа скриени, а исто така, изгледа е тешко да се докаже нешто што сепак било овозможено од друштвената мрежа.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза
Следна статијаСо LinkedIn Stories не остана мрежа која нема ваква функција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.