Форматот на објава издвоен од профилот на корисникот и кој трае само 24 часа го започна Snapchat, но вистинската популарност ја добива сo Instagram. Овие објави кои обично се нарекуваат Stories, се еден од најпопуларните начини за објава, па скоро нема мрежа која нема своја верзија од овие „приказни“.

Затоа не е воопшто чудно што дури и LinkedIn се решија да ги воведат LinkedIn Stories, без разлика што се работи за посериозна, односно бизнис мрежа.

За почеток LinkedIn Stories им се достапни на корисниците во САД и Канада, но наскоро ќе им биде достапни на сите корисници, а најавата е дека процесот ќе трае неколку недели.

Што се однесува до функционалноста на LinkedIn Stories, исто како и името, од мрежата се имаат одлучено да не прават ништо ново што корисниците ќе треба да го учат. Оваа функција на LinkedIn функционира исто како и на другите мрежи, па така објавените Stories ќе бидат прикажани на горниот дел од апликацијата во форма на „кругчиња“, а објавата на Stories ќе се прави преку истиот овој дел или кратко кажано исто како на Instagram и Facebook.

Од LinkedIn секако се надеваат дека оваа нова функција ќе се користи како надополнување на бизнис мрежата, односно не им е целта да корисниците сега почнат да објавуваат Stories како тие на Instagram. Ова ќе претставува дополнителен начин како корисниците да се изразат, односно да дојдат до тие кои ги следат, а од LinkedIn истакнуваат дека ова е и одличен начин да е започне разговор на некоја тема.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2LinkedIn
Претходна статијаПоранешниот директор на Cambridge Analytica доби забрана за водење на компанија во наредните седум години
Следна статија(Видео) Развојот на Microsoft Flight Simulator од 1982 до денес
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.