foto-4

Макпетрол АД Скопје со полна пареа влегува во нов инвестициски циклус и продолжува да инвестира во сопствените капацитети со цел на нашите верни потрошувачи да им овозможиме нови содржини како полесно би патувале низ територијата на нашата држава.

Денеска во 11 часот, свечено беше отворена новата Бензнска станица во населбата Пинтија, на која присуствуваа високи претставници на компанијата.

Во изминатите речиси седум децении,  успеавме да изградиме Компанија која со своите капацитети и можности ги достигна највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати. Овој успех го постигнавме со постојана тимска работа на нашиот професионален кадар, како  и стекнатата доверба на нашите постојани партнери.

Со големо задоволство сакам да најавам дека Макпетрол АД Скопје со полна пареа влегува во нов инвестициски циклус и продолжува да инвестира во сопствените капацитети.“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Со работа започна новата бензинска станица Пинтија, а следуваат уште две нови  бензински станици, едната во близина на аеродоромот Александар Велики, а другата во Вевчани со што  го задржуваме приматот на најголема компанија за дистрибуција и промет со нафтени деривати во Република Македонија. Со зголемувањето на нашата мрежа на бензиски станици на нашите верни потрошувачи им овозможиме полесен пристап и нови содржини при користење на нашите услуги. Воедно уште поголем мотив за нас како компанија беше и отварањето нови работни места на овие бензиски станици,  со што индиректно помагаме на локалниот развој и населението. – истакнаа од компанијата.

Оваа модерна бензинска станица, 125-та по ред во синџирот на Макпетрол, на нашите потрошувачи ќе им овозможи користење на сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителни услуги кои ќе можат да ги добијат во современата продавница и автопералната. Во бензинската станица се инвестирани повеќе од 75 милиони денари, а истата ќе обезбеди 12 нови вработувања. Како што и самите можете да забележите, бензинската станица е изградена во согласност со бараните безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Во интерес на непречено снабдување на потрошувачите со квалитетни горива започнавме со изградба  на уште две бензински станици, едната во близина на аеродоромот Александар Велики, а другата во Вевчани. Овие две инвестиции се со вкупна вредност од 210 милиони денари. “. – објасни Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Овие две бензински станици на Макпетрол ќе го зголемат своето семејство со нови вработени кои ќе бидат обучени да работат по највисоки стандарди, а притоа услужливоста и професионализмот ќе бидат нивни  приоритети. – додадоа од компанијата.

Нашата ориентација секогаш да обезбедиме квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива претставува гаранција дека Макпетрол и понатаму ќе биде водечка компанија на македонскиот пазар, секогаш подготвена да одговори на енергетските потреби на општеството и како досега, ќе претставува двигател на економскиот сектор во Репулика Македонија“.- додаде Георгиевски.

Како компанија која општествената одговорност ја чувствува како должност кон населението, Макпетрол АД во изминатиот период беше фокусирани и кон соработката со локалното основно училиште Рајко Жинзифов кое се наоѓа во близина на новата бензиска станица, во населбата Пинтија. Нивниот прекрасен хор го отвори денешниот настан со песната „Насмевни се“ која беше наменски направена како насловна музика на ТВ спотот на Макпетрол АД.

Претходна статијаiPhone 7 има виртуелно “Home” копче доколку се расипе надворешното
Следна статијаNvidia GeForce GTX 1050 е супер евтина графичка за мазен 1080p гејминг