223px-Internet_Explorer_10_logo.svg

После одреден период на шпекулации и претпоставки, сега официјално знаеме дека Microsoft работи на нов посебен интернет прелистувач. Неговиот развој официјално го претстави на Windows 10 настанот кој што го одржа на крајот од Јануари оваа година.

Она што тогаш беше дадено како информација е дека новиот прелистувач се’ уште нема име, односно моментално е познат само по развојното име Spartan, поточно Project Spartan. Овој прелистувач ќе работи на нова веб технологија и треба да ги вклучува сите функции кои што се очекуваат од еден модерен прелистувач, кои што се достапни кај конкурентите.

За Internet Explorer беше најавено дека ќе биде вклучен во Windows 10, посебно од Spartan, во главно наменет за компаниите кои што уште зависат од него во работата со постари апликации.

Она што остана неодговорено, а делуваше дека ниту од Microsoft го имаат одговорот, е кое име, односно под кој бренд ќе функционира новиот Spartan. Дали ќе го задржи познатиот Internet Explorer бренд и ќе продолжи како понова верзија или ќе биде избрано целосно ново име. Дали покрај новото име, постариот Internet Explorer ќе продолжи да биде развиван за потребите на компаниите и слично.

Оваа недела дел од одговорот на прашањето го даде Chris Capossela, главниот за маркетинг во компанијата. Тој информира дека тие се во фаза на истражување кое име да го користат за новиот прелистувач и дека тој нема да продолжи под брендот на Internet Explorer.

Internet Explorer сепак ќе биде достапен во некои од верзиите на Windows 10, во главно за компаниите и потребата од компатибилност со апликациите.

Сега истражуваме кој треба да биде новиот бренд, или новото име за нашиот прелистувач во Windows 10. Ќе продолжиме да го имаме Internet Explorer, но исто така сега имаме нов прелистуач наречен Project Spartan, кое што е развојно име. Треба да му дадеме име.

Одлуката да не се продолжи со познатото име е лошиот углед кој што го носи како товар. Internet Explorer веќе одамна важи за застарен прелистувач, кој што и покрај тоа што во поновите верзии доаѓа со компатибилност со сите нови веб технологии, има застарен дизајн и не ги нуди главните функции кои што можат да се најдат во Chrome и Firefox на пример.

Spartan, односно кое име е да биде избрано за него, ќе биде главниот прелистувач во новата верзија од Windows и ќе биде достапен за сите видови на уреди.

Од истражувањата што ги имаат направено од Microsoft во Британија, корисниците на Chrome кои што биле испитани, позитивно реагирале на имиња кои што уште се држат во тајност, кои што пред нив стои и брендот Microsoft. Internet Explorer во истражувањето е на крајот од листата, односно со најмалку популарност кај испитаниците.

Извор: The Verge

Претходна статијаСиликонската долина VS Смртта (прв дел)
Следна статијаСловачката компанија AeroMobil создаде функционален летачки автомобил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.