intel-acc-5g

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ:

  • Соработките со лидерите од индустријата Ericsson, KT, LG Electronics, Nokia, SK Telecom и Verizon помагаат да се постави основата за 5G
  • 5G мобилните платформи овозможуваат побрзо прототипизирање
  • Новите модеми и системи на чип (SoC) испорачуваат робустна конекција за интернетот на нештата (IoT), мобилни уреди и компјутери.

СВЕТСКИ МОБИЛЕН КОНГРЕС, Барселона., 22-ри февруари, 2016 – Интел корпорацијата денес објави нови партнерства во индустријата и производи кои ги поставуваат основата за побрзи, „попаметни“ и поефикасни 5G безжични мрежи дизајнирани за да испорачаат неверојатни нови искуства низ секојдневниот живот.

Од вградени уреди во опремата на спортистите и беспилотни летала со способности за избегнување на судари, до автономни возила, „паметни“ градови и повеќе, поврзување на „нештата“ помеѓу уреди, луѓе и клауд, доведува до невидени оптеретувања за денешните безжични мрежи.

„Милијарди „смарт“ и поврзани уреди и клауд апликации ја зголемуваат потребата за „попаметни“ и повеќе моќни мрежи,“ рече Аиша Еванс, корпоративен потпретседател и генерален менаџер на групацијата за комуникации и уреди на Интел. „Транзицијата кон 5G ќе ги сплоти комуникациите и компјутингот заедно и ќе претставува фундаментално поместување во индустријата. Тоа е од суштинско значење во поставувањето на темелите на идните 5G мрежи, сега да се направат извонредни искуства од иднината возможни.“

Соработки во индустријата

Интел работи со лидерите на мобилниот екосистем да го отвори патот за комерцијална широка достапност на 5G.

  • Ериксон* и Интел соработуваат со мобилни оператори на 5G решенија и прават заеднички тестирања, како продолжување на моменталното партнерство за трансформација на мрежите и, клауд и IoT.
  • KT* и Интел ќе имплементираат 5G тестирања во 2018 што развиваат и верифицираат 5G безжична технологија со поврзаните уреди, виртуелни мрежни платформи и здружена стандардизација.
  • ЛГ електроникс* и Интел ќе развијат и тестираат 5G telematic технологија за автомобилите од следната генерација
  • Нокиа* и Интел соработуваат за пред-стандардизација на 5G радио технологија и мрежни решенија кои ќе овозможат рана имплементација за 5G мобилни клиент мрежи и безжична инфраструктура, како и 5G радио технологии за да ги задоволат барањата на уредите за поврзување со идните безжични мрежи.
  • СК Телеком* и Интел развиваат и верифицираат 5G мобилен уред и решенија за мрежи, како и уреди за Licensed Assisted Access (LAA) во 2016. Во нивната континуирана соработка за 5G технологии, компаниите, претставија напредок кај радио мрежни технологии, вклучувајќи „anchor-booster“ ќелии и масивно MIMO за иден напредок на капацитетот на 5G мрежата.
  • Веризон* и Интел спроведуваат теренски испитувања за 5G безжични решенија преку Веризон 5G Technology Forum* за да се демонстрира како милиметар бранов спектрум, кој е способен за поддршка на податоци и брзини поголеми од денешните мобилни мрежи, е остварлив начин за испорачување на високо квалитетна и брза безжична конекција во домовите и бизнисите.

5G прототипизација

Интел нуди платформи и соработки со индустријата за развивање на ран прототип на решенија кои ќе го забрзаат развојот 5G.

  • 5G пробната мобилна платформа нуди високи перформанси за побрза интеграција и тестирање на 5G уреди и безжични пристапни точки. Интел во моментов соработува со глобални оператори за развој на 5G, прототипизација и тестирање со овие нови пробни платформи.

Производи за безжична комуникација

Интел испорачува безжични комуникациски решенија за широк спектар на „паметни“ телефони, таблети, компјутери и IoT уреди.

  • Решенија за поврзување дизајнирани за IoT:
  • Решението Intel® Atom™ x3-M7272 е безжична комуникациска платформа за автомобилски апликации способни за напредни безбедносни опции, како „firewalling“ и „packet inspection“.
  • Intel® XMM™ 7115 модемот е дизајниран за да го поддржи првиот бран во индустријата на уреди и апликации базирани на Narrowband IOT (NB-IOT).
  • Intel XMM 7315 модемот комбинира LTE модем со апликациски процесор на еден чип, поддржува LTE Category M и NB-IOT стандарди и е идеален за широко покривање, ниска потрошувачка и ниска цена.

Intel® XMM™ 6255M обезбедува робустна 3G конекција во предизвикувачки средини и е 20% помал од претходната генерација, тој е најмалиот „standalonе“ 3G модем. Поврзува голем број на неповрзани уреди за да се овозможи побрза транзиција до идните безжични мрежи.

Претходна статијаНовата Xperia X линија на смартфони – најдоброто од Sony во моментов?
Следна статијаДигитална приватност – Apple vs FBI