Google

 

Google

Google, гигантот од Силиконската долина и најголемиот играч во бизнисот со он-лајн рекламирање, како и сопственик на најпопуларниот веб-сајт за видео содржини YouTube за прв пат проговори во врска шпекулациите дека руски агентури закупувале реклами со цел да рашират извесни содржини.

Од Google потврдија дека десетици илјади долари биле вложувани во реклами на нивните платформи со цел споделување сомнителни содржини. Помеѓу платформите кои биле на мета се наоѓаат YouTube, Gmail, Google Search и DoubleClick мрежата за рекламирање.

Претходно Google се оградуваше од скандалот кој го потресе Facebook, но и целокупната американска јавност. Како последица американскиот Конгрес покрена истрага. Под притисок на ова, Google спроведе интерна истрага. Актуелниот став на компанијата е дека постои еден сет реклами, меѓутоа нема докази дека закупувачот е поврзан со руски агентури или институции.

Воедно сомнителните реклами вредат помалку од 100.000 американски долари. Што е смешна цифра за да се таргетира генералната популацијата на САД. Дополнително, не се работи за истата мрежа на корисници, кои закупувале реклами на Facebook.

Што се однесува до Facebook, успеа да понуди (само) 3.000 реклами за кои потврди дека потекнуваат од руски налози. Да потсетиме, скандалот настана откако поразената Хилари Клинтон обвини „непознати“ руски агенти дека агитирале во корист на Доналд Трамп и така влијаеле на исходот на претседателските избори во САД одржани пред една година. Од друга страна, резултатите покажуваат дека ваквите обвинувања се најблаго кажано неиздржани.

Други компании кои беа засегнати со оваа ситуација, меѓу кои и Twitter, се обврзаа да спроведат ревизија. Ниту една од компаниите не изнесе сериозни бројки со кои Русија или било кој друг би можел да изврши конкретно влијание на јавното мислење во САД.

Twitter и Facebook, според планираното ќе го брифираат Конгресот на 1-ви ноември. Меѓутоа тешко дека ќе имаат да понудат опипливи докази во полза на поразениот кандидат на Републиканците.

Извори: TheWashingtonPost, NYTimes

Претходна статијаXiaomi Redmi Note 5 ќе има супер мала рамка, двојна камера и ниска цена
Следна статијаВо Талин потпишана декларација за е-валда во рамките на ЕУ