Најпопуларната социјална мрежа сериозно ја сфати борбата со тн. Fake news. Изминатиот период најавуваа сериозни чекори во насока на решавање на овој проблем, а сега ја претставија првата конкретна алатка.

Facebook се најде во центарот на вниманието по минатогодишните претседателски избори во САД. Поразената страна немаше доблест да се соочи со поразот, па започна интензивна кампања со која сака да го потенцира негативното влијание на Русија преку овој масовен медиум и директно ја обвини за агитирање во корист на (сега веќе) претседателот Трамп.

Во изминатиот период Facebook разви неколку алатки за борба против лажни вести. Mеѓутоа ниту една не се покажа како особено ефективна. Меѓутоа, со новиот „context“ платформата ќе повлекува информации од Wikipedia и неколку други релевантни извори, поврзани со објавувачот на веста.

Фото: CNet

Ова и понатаму нема да гарантира 100% успех во отстранувањето на лажните вести. Како што е познато, статиите на најголемата е-енциклопедија  можат да бидат пишувани и изменети од било кого. Како и да е, Facebook се реши да се потпре на информациите кои Wikipedia ги нуди како ултимативен извор на информации.

Во теорија ова звучи како одличен начин читателот да се информира за потеклото на информацијата, како и самиот објавувач. Доколку информации не се достапни, Facebook ќе го предупреди читателот.

Вистината често е субјективна па ваквиот начин на презентирање на истата многу лесно би можел да биде манипулиран, токму од платформи како што се Facebook и Wikipedia. Она што треба да му е јасно на секој читател е дека консумира пропаганда, на едната или другата страна.

Извори: Cnet, DailyMail

Претходна статијаJapan Display ќе го замени Samsung како производител на OLED за iPhone
Следна статијаMicrosoft Edge отсега достапен и за iOS и Android