Samsung веќе одамна се обидува да има одредена независност од Google, иако го користи Android оперативниот систем. Сепак, овој систем е со отворен код и секој може да го промени и прилагоди како сака.

Тоа што ја прави зависноста од Google и нивните барања е користењето на Play Store и сервисите и апликациите од компанијата, од каде бараат одредени работи при потпишувањето на договорот за лиценцирање. Од компанијата веќе имаат проблеми со ЕУ поради барањето да се постават лентата за пребарување и Play Store апликацијата на главниот екран кај новите телефони.

Samsung има голем број на алтернативни апликации од тие што ги има Google, има своја продавница за апликации, Galaxy Store, а изминатите неколку години го развива и претстави својот дигитален асистент Bixby.

Според информациите, повеќето корисници сепак ги користат сервисите и апликациите од Google, со одредени исклучоци кај одредени апликации, а Bixby скоро и да не се користи.

Поради настанатата ситуација со новиот корорнавирус и падот на продажбите, информациите до кои имаат дојдено Reuters и Bloomberg укажуваат на тоа дека Google повторно прави обид да ги натера Samsung да се откажат од своите алтернативни сервиси и апликации и да ги вклучува во нивните телефони само тие од нивната компанија.

Како мотивација за тоа барање, Google наводно се спремни да им овозможат на Samsung поголем процент од заработката од реклами која ја прават преку нивните апликации и сервиси на Samsung телефоните, нешто што веќе го овозможуваат на производителите.

Сепак, не е баш јасно дали од Samsung би се сложиле на вакво нешто, а од компанијата за Reuters негираат дека ваква промена е можна. Ова посебно би можело да биде проблем за Samsung во земји како Кина, каде Play Store и другите сервиси од Google не се достапни.

ИЗВОРArs Technica
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаCES 2021 сепак ќе се одржи само како дигитален настан
Следна статијаCanalys: Huawei со најмногу продадени смартфони во втората четвртина од 2020
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.