На почетокот од јуни Consumer Technology Association, која стои зад CES настанот за технологија, излезе со информација дека во 2021 нема да има промени во форматот и начинот на којшто се организира CES 2021. Секако, најавени беа голем број на мерки поврзани со хигиената и заштитата од COVID-19, но најавата остана дека настанот ќе прима посетители како и секогаш.

Ова беше до некаде чудно со оглед на тоа што нема ниту едно предвидување според кое во јануари идната година ќе биде завршена пандемијата или барем доволно намалена за да може да се почне со одржување на масовни настани, во затворени простории.

Очекувано, CTA оваа недела излезе со соопштение во кое најавува дека сепак CES 2021 ќе биде само дигитален настан, односно нема да може да доаѓаат стандардните посетители.

Тоа нема да значи дека CES нема и идната година да биде местото каде голем број на компании ги презентираат своите најнови технологии и производи, само истите ќе мора да бидат презентирани онлајн.

„Повеќе од 50 години CES беше глобална бина за иновации. CES 2021 ќе продолжи да биде платформа за лансирање на производи, интеракција со глобалните брендови и да ја дефинира иднината на IT индустријата.“ – истакнаа од CTA.

Во 2021 CES ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јануари, а сите заинтересирани ќе можат да ги проследат онлајн презентациите и конференциите, производите, а ќе се одржуваат и состаноци со можност за ширење на мрежата на бизнис познанства.

ИЗВОРCES
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаMozzart обложувалниците доделуваат Samsung Galaxy A71
Следна статијаGoogle повторно со обид Samsung да се откаже од Bixby и Galaxy Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.