635588309469551083-GMed1

Повеќето од нас се загрижени за сопственото здравје и сакаат да знаат повеќе за тоа како да останат здрави, функционални и во активна способност во текот на целиот живот. Најчесто советите за здрав живот се активен живот, разновидна исхрана, елиминирање на едноставните јаглехидрати… Па сепак, почитувањето на сите правила за здрав живот не значи дека нема да ви се случи некое пореметување или заболување од време на време, како грип, чешање и осип…

Пред дваесетина години редовно се јавувавме на роднини и комшии кои се доктори и кои ќе ни објаснат што е состојбата и како да го излечиме. Во поново време веднаш бараме на Google да најдеме дефиниција на проблемот и можни решенија, па макар и ако треба да настапиме пред доктор и да знаеме што ни препишува. Дури и од Google велат дека една дваестина (5%) од сите пребарувања кај нив се поврзани со здравјето.

Затоа тие решија да направат еден интересен додаток на нивното пребарување во таканаречениот Knowledge Graph квадрат кој често дава информации за работите кои ги пребарувате без да мора да влезете во некој линк.

Од следната недела, кога ќе пребарувате информации за, на пример, грип, синуситис, скршена рака и слично, Google ќе ви нуди информации во страничниот квадрат со објаснување на состојбата, начин на третмани, колку е сериозна и слично, а понекогаш ваквите објаснувања ќе бидат придружени со слика нацртана од специјализирани сликари на медицински состојби. Ваквите информации што Google ќе ви ги нуди се/ќе бидат проверени од нивниот медицински тим и во координација со Mayo клиниката.

Мораме да додадеме дека ова е одличен додаток на пребарувањето на Google кој несомнено ќе помогне при домашен третман на некои тривијални состојби, или пак ќе ви помогне да бидете поинформирани во комуникацијата со лекар, а информациите ќе можете да ги дознаете со едноставно пребарување од вашиот мобилен телефон. Засега 400-те најбарани медицински термини ќе бидат обработени на овој начин, а од Google велат дека ова е само почеток. Не е јасно дали ова ќе важи само за територијата на САД, но се надеваме дека ќе биде ослободено и за другите региони во светот. Медицинската револуција е на својот пат и се подобруваат шансите еден ден во следните неколку децении да најдеме решение за практична бесмртност.

Извор: USA Today, The Verge, Google blog

 

Претходна статијаPhorm – Хардверска тастатура директно на екранот на вашиот iPad!
Следна статијаЈапонската компанија Shimizu објави план за изградба на подводен град