Shutterstock.com

Директорот на Netflix во разговор со The Wall Street Journal го дава своето мислење за настанатата ситуација и неопходноста да вработените работат од дома, наместо да се во канцелариите, каде ризикот од ширење на COVID-19 е многу поголем, а посебно за канцелариите каде повеќе вработени се во една просторија.

Тој на прашањето дали гледа некакви предности од работењето од дома, одговара директно не, дека не гледа ниту една позитивност. Според него нема замена за можноста да се седне и разговара во живо, а тоа посебно прави разлика за интернационалните контакти, кои и така ретко се присутни.

Интересно, за трендот да на се повеќе вработени им се дозволи да продолжат да работат од дома и по завршувањето на ризикот од COVID-19, Хејстингс одговара дека не верува дека ќе дојде до масовна замена за работната недела, но верува дека ќе се работи четири дена во неделата, додека петтиот ден ќе биде од дома.

Исто така, Хејстингс на прашањето кога смета дека вработените би се вратиле во канцелариите, некои компании најавуваат дати, тој одговара дека ќе се вратат 12 часа по одобрувањето на вакцина. Сепак, дообјаснува, најверојатно ќе бидат потребни шест месеци по одобрувањето на вакцината, но за разлика од другите, тој не дава дати, па работата ја врзува со ефикасна и одобрена вакцина.

Ова сигурно ќе биде главен фактор и за другите компании кои своите дати сигурно ги даваат како еден вид и на предвидување кога се очекува да има вакцина и поголемиот дел од населението да биде имунизиран.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle почна да ја пушта финалната верзија од Android 11
Следна статијаVerified Calls од Google ќе го прикажува бизнисот кој ве бара, како и причина за повикот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.