Microsoft ја купи една од најпознатите апликации за замена на стандардната софтверска тастатура на Android уште во 2016. Добро е што развојот на апликацијата остана и таа и ден денес е една од најдобрите на пазарот, а според нас само Gboard од Google успешно и конкурира.

SwiftKey е популарна поради алгоритамот, односно машинското учење кое е одговорно за предлозите за наредниот збор при куцање, како и исправка на грешките. Од кога ја користиме оваа тастатура, односно апликација, слободно можеме да пишуваме брзо со многу грешки, а SwiftKey точно знае што сме сакале да кажеме и со притискањето на „space“ се појавува саканиот збор.

Со оглед дека сега SwiftKey е во сопственост на Microsoft, очекувани се одредени нови функции кои ќе ја доближат оваа апликација до Windows 10.

Сега за сега уште во рамките на неофицијални информации, но SwiftKey изгледа ќе добие интеграција со веќе постојниот систем на Windows 10 за синхронизација на таканаречениот „clipboard“ со „облакот“.

Оваа функција во Windows 10, до која може да се дојде преку Settings > System > Clipboard, овозможува да тоа што е ископирано на еден уред, на пример текст, биде залепено на другиот уред кој е најавен со истата Microsoft сметка.

Според информациите, на поддржаните уреди ќе се приклучат и Android телефоните, преку SwiftKey апликацијата, а дел од Samsung корисниците веќе ја имаат оваа можност преку Your Phone апликацијата.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНова платформа како замена за Zoom со конкретна намена – едукација
Следна статијаВетерна турбина овозможува 1000 литри чиста вода на ден, во пустина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.